На наредните избори 15,2 отсто од испитаниците рекле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, a 13,5 отсто за СДСМ. Од политичките партии на Албанците во Македонија, ДУИ и натаму е во водство – 6,8 %, Алијанса за Албанците 3,4%, а за Беса би гласале 1,9 отсто од испитаниците, покажала анкетата на МКД.мк и Маркет вижн спроведена од 18 до 23 јуни на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници.
Ако се споредат резултатите од одговорите на прашањето за испитаниците за тоа за која партија гласале на минатите избори (СДСМ 18,2%, ВМРО-ДПМНЕ 15,1%, ДУИ 10,2%, АА 3,3 %…), тогаш очигледно е разочарувањето на гласачите од партиите што се дел од владејачката коалиција. Одливот на гласови од контото на СДСМ од минатите избори до сега е дури 4,7%.
Најголем раст покажува опозициската партија Левица, но и стагнација во однос на последните истражувања на јавното мислење (5,3%).
Од испитаниците што одговориле дека нема да гласаат на следните избори, речиси 60% се согласуваат со изјавата дека не се задоволни од Владата и дека немаат доверба во опозицијата, при што како главна причина се наведува тоа што сметаат дека опозицијата ја интересира само да дојде до власт (одговор што го дале 24,1% од нив).
Според националната припадност на оние што одговориле дека ќе гласаат на наредните избори, кај Македонците за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 14,7 отсто од испитаниците, а за СДСМ -10,9 отсто. Се намалува поддршката на СДСМ кај албанското гласачко тело – пред една година беше 0,6%, а денес е 0,1 отсто.
Од регионите, ВМРО-ДПМНЕ е популарна партија во источниот регион во споредба со СДСМ – 20%:8,9%, а СДСМ подобро стои во пелагонискиот регион 15,7%:12%. Популарноста на Левица е висока во источниот и југоисточниот регион на Македонија – 13,3% и 7,2%.
Се зголемува и заинтересираноста на гласачите за излегување на гласање – 66,5%, а со „не“ и „не знам“ одговориле 31% од гласачите. Одбиле да одговорат на ова прашање 2,5 отсто од испитаниците.
Извор: МКД.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.