И покрај интензивните врнежи во последниот период, водостоите на речиси сите реки во земјава се далеку под октомврискиот просек.
Според денешните хидролошки мерења, некои од реките се дури трикратно намалени, а над просекот се само Бабуна кај Богомила и Струмица кај Сушево.
Водостојот на Преспанското Езеро е 17 сантиметри под апсолутниот минимум, додека водостојот на Охридското Езеро е четири сантимтери над дозволениот минимум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.