Денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Игор Јанушев се во изборната единица 3. Започнаа од Кочани и продолжија во Чешиново-Облешево, а сега се во Зрновци. Од Зрновци во Виница и потоа повторно се враќаат вечерва на мини средба со граѓаните во Кочани.
Од она кое што досега го разговарав со жителите на Кочани можам да кажам дека ниту овде во Кочани не останала незабележана во негативна смисла тригодишната пандемија предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев. Тешко се живее, мачно се живее, лоша економска, социјална па и здравствена ситуација и овде во Кочани, луѓето ги чувствуваат последиците. Така што ценам дека сето она кое што е секојдневие насекаде во Македонија не го заобиколило ниту пак Кочани, затоа ВМРО-ДПМНЕ и победничка коалиција За обнова на Македонија ќе се обиде во овој пред изборен караван да ја претстави својата програма, да ги претстави политиките, проектите, плановите кои што во следниот четири годишен мандат планира да ги спроведе ширум целата држава. Се разбира овдека во Кочани и кочанско можеби некако најмногу доминира интересот поврзан со земјоделието, редовната исплата на субвенциите, навремениот откуп, откупот по прифатлива цена за земјоделците да се плати на време, да се плати онака како што треба маката и трудот на земјоделецот, на честитиот и чесен земјоделец – истакна Мицкоски од Кочани.
Она кое што ВМРО-ДПМНЕ го планира во програмата се минимум 640 милиони евра субвенции за земјоделците во еден четиригодишен мандат, обновување на водоводната инфраструктура во делот на наводнувањето на земјоделските насади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.