Со претставување на кандидатот за градоначалник на Охрид, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе ја започнат изборната кампања за претстојните локални избори што ќе се одржат на 17 октомври.
ПОд бројот 7 за Охрид се кандидира актуелниот пратеник Кирил Пецаков, којшто бил и советник во општината Охрид. Познат е и помеѓу лекарите како стоматолог, познат е и меѓу спортистите како ракометар.

Првиот собир што го најави партијата е денеска во 18 часот на отворено кај Антички театар во Охрид, а за наредниот ден се најавени собири во Вевчани, Дебрца, Струга и Ресен.

Според програмата што ја објави партијата, собирот во Скопје е закажан за 10 октомври, а кампањата за првиот изборен круг ВМРО-ДПМНЕ ќе ја заврши во Штип на 15 октомври.

Гледајте во живо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.