Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика коалициските партнери за овие избори на состанок попладнево во партиската централа.
Средбата на колицијата на ВМРО-ДПМНЕ се одржува откако Мицкоски предложи да се продолжи вонредната состојба за изборите да се одржат во средината на јули, по што беше постигнат и договор со Заев главното гласање да биде на 15 следниот месец (во среда).
Десетина помали партии, вклучително со парламентарните СПМ, ДПС и ГРОМ, во март годинава, пред доставувањето на кандидатските листи за пратеници во ДИК, потпишаа договор за коалицирање со опозициската ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори.
Во 15:15 часот пред Централниот Штаб, Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.
Изјавата можете да ја следите во живо на следниов линк:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.