Во право е Зоран Заев кога вели „испишуваме историја“. И вистина, ваков циркус ниту бил ниту ќе биде.
По гласањето за самиот себеси, претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на својот фејсбук профил објави дека денеска првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Македонија, токму членовите на СДСМ избираат претседател на директни, внатрепартиски избори.
„Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија. Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната, модерна и европска партија – СДСМ“, порачува Заев во својот статус на фејсбук.
Да го проследиме неговото обраќање при преземањето на функцијата од самиот себеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.