Семејствата на Бесир Беља и Скендер Демири, заедно со навивачката група „Шверцери“ денеска од паркот во Чаир го започнаа протестниот марш против судските пресуди од 16 години затвор за убиството на Никола Саздовски – Саздо.

Семејствата бараат делата на нивните синови да се преквалификуваат од „убиство“ во „насилство со смртни последици“. Како што велат, пресудите се со двојни стандарди и се носат на етничка основа.

Организаторите на овој протест велат дека и тие се жртви на политички монтирани случаи, како и „Монструм“.

Протестот во живо може да го следите тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.