ВМРО-ДПМНЕ вечерва од 18 часот го одржува првиот од серијата граѓански протести, кои ги најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Протестот вечерва е против зголемувањето на цената на струјата.

Партијата ги повика граѓаните на протестот, за како што велат, „време е за обединување против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот“.

Протестот започна од пред Министерството за правда, а ќе заврши кај Регулаторната комисија за енергетика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.