ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи протест пред Владата во 13 часот, а поаѓање од СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ ќе биде во 12:30 часот.
-Денес ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот повторно излегува на улица. Излегува на улица затоа што Заев повторно излажа дека не преговарал за името, идентитетот, јазикот, историјата. Заев изјави дека е постигнат напредок во преговорите меѓу комисиите, претставниците на комисиите изјавија дека нема напредок што значи дека Заев лаже. Заев изјави дека не преговара за идентитетот додека претставници на историските комисии потврдија дека камен на сопнување е токму зборот македонски што е фундаментот на нашето идентитетско определување. Заев кажа дека има напредок за 5 историски личности, претставници на комисиите изјавија дека нема дефинирано заклучоци и има нула напредок и на тоа поле. Заев изјави дека се пред договор за 11 записници од средбите на историските комисии додека бугарската страна го негира тоа. Заев се откажа јавно од антифашистичкото наследство со самото тоа што Бугарите ги прогласи за ослободители наместо окупатори во Втората светска војна. Време е да се стави крај на лудост на Заев пред да биде предоцна. Или Заев, или Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.