Во моментов во Владата се потпишуваат меморандуми на заеднички документи на седницата на Високиот Совет за соработка со нашиот јужниот сосед.
Во Владата штотуку завршија меѓусебните разговори на премиерот Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој денеска престојува во официјална посета на нашата земја.
Ципрас претходно беше пречекан пред Владата од Заев и владините министри. Поради доцнењето на авионот со кој пристигнаа Ципрас и десеттината министри кои го придружуваат, церемонија на пречек беше скратена.
Дајцата премиери при пристигнувањето на Ципрас во Влада се поздравија со новинарите и направија неколку селфи фотографии, по што се упатија во владината зграда.
Официјалната посета на Ципрас на Македонија, прва на некој грчки премиер, ја следат 100 акредитирани новинари, од кои околу 40 од Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.