Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Сашко Николов на денешната прес-конференција истакна дека како локална власт особено внимание посветуваат на еколошката компонента од нивната програма за работа.
–Нашата цел е Штип да биде јаглеродно-неутрален град. Со низа проекти ќе ги намалиме емисиите од штетни гасови во атмосферата, со што ќе го подобриме квалитетот на воздух во грејната сезона и ќе ги намалиме ефектите од летните горештини. За таа цел, финансиски ќе поддржиме поставување енергетско ефикасни фасади на зградите во населбите Осми Ноември, Сењак 1, 2, 3 и 4, Автокоманда, но и во централното градско подрачје, рече Николов.
Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип најави дека ќе кофинансираат поставување хибридни енергетски системи на индивидуални објекти за домување ,фотоволтаици на покрив во населби со поволен сончев режим.
– Ќе финансираме замена на греењето на дрва со уреди со помал негативен ефект врз животна средина (инвертор клима уреди или печки на пелети, за жителите кои имаат поставено енергетско ефикасни фасади. Во соработка со ЈП „Национални шуми” и ЈП „Исар”, ќе извршиме пошумување на околните места со соодветна шумска вегетација, а по парковите ќе засадиме дрвенести растенија со широки крошни, рече Николов.
Порача дека понудата на СДСМ е најдобра за чист и зелен град, како врвен приоритет за брз локален економски развој и инфраструктурни инвестиции, рамномерно во секој дел од градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.