Денеска 28.05.2021 година (петок) од 17:30 часот започнува семинарот во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер, насловен како „Законодавните политики наспроти економските, политичките и општествените предизвици од 2021 година – Зајакнување на капацитетите на пратениците“ во хотел „Unique“ Охрид.

На отворањето на семинарот свое поздравно обраќање ќе има и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а во 17:15 часот пред почетокот на настанот ќе даде изјава за медиуми пред хотел „Unique“ Охрид.

Неговата изјава можете да ја следите во живо на линкот во продолжение:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.