Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во седиштето на партијата има средба со коалиционите партнери. Средбата на коалицијата „За обнова на Македонија“ следува по вчерашната лидерска средба кај претседателот Пендаровски, на која лидерите на партиите се договорија на 12. април догодина да се одржат предвремени парламентарни избори.
Мицкоски со коалиционите партнери ќе разговараат за стратегија односно изборна програма со која ќе настапат на 12- ти април. Се очекува по средбата изјава да даде лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.