Навивачката група „Балисти“ за денеска најави марш во чест на жртвите од пожарот во ковид центарот во Тетово.
Маршот, како што е најавено на социјалните мрежи, ќе биде мирен и ќе започне од плоштадот Илирија и ќе заврши пред болницата во Тетово.
Маршот требаше да се одржи вчера, но поради погребот на настраданите се одложи за денеска.
Во пожарот во кој изгоре ковид центарот загинаа 14 лица, а 12 го преживеаја ужасот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.