Во Законот за заштита на населението што е доставен до собранието околу 95 проценти во законот е која инспекција да казнува. Значи во законот моментално само се дава надлежност на инспекциите да казнуваат, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, одговарајќи на новинарско прашање дали има приближување на ставовите околу законот.
Мисајловски рече дека во овој закон воопшто не се споменуваат било какви мерки и дека се излезени многу прашања, досла наслови во медиумите дека ВМРО-ДПМНЕ нешто кочи.
Ние предложивме решение. Ние предложивме една нова комисија, здравствена комисија која ќе биде навистина професионална. Ние не бараме од ВМРО-ДПМНЕ ние да ги предлагаме, бараме најдобрите луѓе во оваа држава да бидат во таа комисија, бидејќи знаете дека таа комисија е составена кога секој министер за здравство ќе дојде на неговото столче и ќе оформи една комисија за заразни болести. Не ние бараме специјална комисија која ќе биде се разбира нека бидат овие луѓе но ако работат непартиски, но и сите оние што се квалитетни. Нека дојдат во оваа комисија пред се, се работи за доброто на државата, се разбира ние пробуваме да бидеме коректив на власта но кога се работи за граѓаните ние секогаш ќе бидеме на нивна страна, и се разбира доколку власта има потреба од ВМРО-ДПМНЕ ние сме секогаш тука, се разбира за вакви прашања, потенцираше Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.