Во Заевистан и тоа е можно, од многу удирање во гради дека се демократи и дека се демократска партија Заев остана единствен кандидат за лидер на СДСМ велејќи дека ќе нуди нова политика. Каква црна нова политика кога е во политика и на државни функции повеќе од 20 години, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој и Радмила Шекеринска се единствените остатоци на криминалната транизиција. Хибридниот режим создава хибридни диктатори, а Заев е на добар пат да стане токму тоа. СДСМ е извор на диктатура и криминал наместо напредна левичарска партија. Таа е партија на криминалната олигархија која го угнетува народот и создава нееднакво општество. Заев како секој диктатор сака да се прогласи монарх. Добрата работа е што броени му се деновите во политиката, посочуваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.