Во текот на утрешниот ден се очекува повторна средба на работните групи од власта и од опозицијата, на која се очекува дополнително да се приближат ставовите околу Законот за јавно обвинителство.

Како што дознава „Република“, во вторник на работните групи ќе им се придружат и лидерите на политичките партии. Оваа лидерска средба најверојатно ќе се одржи во Собранието.

По последната средба се забележува помрднување на разговорите во насока на изнаоѓање на заедничко решение кое треба да гарантира правда и независно делување на обвинителството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.