ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата официјално листите со кандидати на пратениците за изборите на 12 април ќе ги презентира на јавен настан што ќе се одржи во среда на 11 март. Претходно кандидатите и носителите на листите треба да бидат потврдени на седница на Централниот комитет што ќе се одржи на 10 март во вторник соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Деновиве, рече тој, привршуваат анализите во партијата и договорите со коалициските партнери и многу скоро би можело да се знаат имињата на носителите на листите.
Според она што го договоривме, во вторник ќе имаме Централен комитет на партијата, кога ќе бидат усвоени практично пратеничките листи и составот на коалицијата со која што ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на изборите, а во среда веќе ќе имаме настан каде што ќе биде јавна презентација на истите, рече Мицкоски.
До вторник, додаде тој, ќе се знае дали тој како лидер на партијата ќе биде носител на некоја од листите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.