Во вторник ќе заседава Ценералното претседателство на Алтернатива во однос на поканата за средба од страна на премиерот Зоран Заев, објави „Фокус“.

Тогаш Централното претседателство на Алтернатива ќе донесе одлука дали да прифати да разговара за соработка и евентуален влез во Владата.

Заев вчера потврди дека во текот на денот имал комуникација Гаши и побарал од него да го избере денот кога сака да се сретнат за да разговараат околу можноста Алтернатива да стане дел од Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.