Министерот за здравство Венко Филипче го загрозува здравјето на хронично болни граѓани. Во време на КОВИД-19 хронично болните граѓани се приморани да чекаат по болнички ходници за потврда на терапија. Месец кога корона вирусот во Македонија коси, имаме секојдневни високи бројки на новозаразени и починати, Филипче ги приморува хронично болните како најизложена група на вирусот да одат по болници за потврда за терапија.
ПАЦИЕНТИТЕ НА УДАР
Интернистите по социјалните медиуми апелираат до министерот за здравство Венко Филипче дека треба да се изнајде решение да не се изложуваат во опасност хронично болните граѓани во време на корона вирус.
Во моментов се издадени 137 приоритетни упати главно за потврда на терапија. Сами проценете како менаџираме со пандемијата“, пишува на социјални мрежи интернист.
Хроничнава терапија во моментов е најважна само гужви и дополнителен терет на персоналот на секундарно ниво, никој не ја гледа денешнава бројка од 445 болни и максимални 25 за Прилеп. Битно гужви и редови да се прават пред амбулантите и дополнително да се пренесува вирусот никој да размисли за оваа терапија во време на пандемија да може слободно да ја издаваат матичните лекари, ама изгледа ова ќе потрае“, коментира загрижен пациент на социјални мрежи.
МИНИСТЕРОТ ПРЕДИЗВИКА ГНЕВ
Министерот за здравство Венко Филипче предизвика лутина и гнев кај граѓаните со хронични болести по неговата изјава дека треба да се вратат на работа во ек на пандемија.
Суштината е во типот на дијагноза. Во рамките на една дијагноза за хронична болест има различен стадиум во која пациентот може да се наоѓа. Некој кој за една дијагноза може да има сосема нормален живот или друг за истата дијагноза заради значајна слабост заради некој орган не може да функционира сам и тој во ова сценарио не треба да оди на работа“, изјави Венко Филипче, министер за здравство на 9-ти септември за телевизија Сител.
Филипче уверуваше дека нема да се создаде хаос во здравствениот систем поради закажувањето на термини за преглед кај специјалист за да хронично болните добијат потврда, но за жал излезе спротивното. Во време кога бројките нагло растат хронично болните граѓани се приморани да одат и да чекаат по болнички ходници.
Дури и повеќе здруженија побараа од министерството за здравство да објави листа кои најчести хронични заболувања ги имале починатите од компликации од корона вирусот, и дури апелираа ако граѓаните имаат некоја од тие дијагнози и понатаму да бидат ослободени од работа.
Затоа моментално дел од пациентите се во страв, други се плашат дека ќе го изгубат работното место. Дел се плашат за своите деца зошто биле ослободено по основ на болеста на детето“, изјави Весна Алексовска, претседател на здружение на граѓани за ретки болести, „Живот со предизвици”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.