На вакциналните пунктови во Врање се вакцинираат поголем број македонски државјани во однос на граѓани на Србија.

Според податоците на Здравствениот центар (ЗЦ) од Врање, во текот на вчерашниот ден во овој град во јужна Србија се аплиицрани вкупно 213 вакцини, од кои прва доза примиле 70 македонски граѓани, за разлика од 38 српски. Втора доза, пак, примиле 58 македонски државјани, за разлика од 47 Срби.

Прва доза „Фајзер“ примиле 70, а втора 56 граѓани. Прва доза на кинескиот „Синофарм“ е дадена во 38 случаи, а втора во 49 случаи. Руската вакцина „Спутник В“ и „АстраЗенека“ во Врање не биле аплицирани вчера – наведуваат од ЗЦ во Врање.

Според податоците, вкупниот број вакцинирани граѓани на Врање и од други градови во Србија, Македонија и други земји во Спортската сала во Врање од почетокот на вакцинацијата до 27 јули е 77.736 лица.

Доколку се земат предвид сите достапни вакцини, првата доза им била дадена на граѓани од Србија во 28.106 случаи, лица од Македонија примиле 12.258 дози, а државјаните на БиХ шест дози.

Што се однесува до втората доза, на Србите им се дадени 27.524 дози, на македонските државјани 9.717 и на државјаните на БиХ седум.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.