Во Општата болница Велес хоспитализирани се 46 пациенти, од кои 28 се потврдени позитивни на КОВИД-19, непотврдени се двајца, негативни 16, но тие болнички се лекуваат се уште поради влошена здравствена состојба.
На кислородна поддршка се 14 пациенти, информираше портпаролот д-р Елеонора Јованова.
Утрово почина пациентка на 75 -годишна возраст од Велес, лекувана четири дена на Инфективното одделение. На ова одделение има 35 пациенти, на Физикална четири.
На двете ковид-одделенија има слободни места. Интерно Б крак има седум пациенти кои се лекуваат со последици по прележан КОВИД-19. Испишани се и пет оздравени пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.