Во Велес денеска нема нозозаразени од Ковид-19 јавија од Центарот за јавно здравје,а оздравен е еден пациент кој бил на лекување на Инфективното одделение во велешката Општа болница. До денеска во Велес и Велешко активни на Ковид-19 се 22 лица.
Како што информира за МИА,д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, денеска од Инфективното одделение е испуштен еден оздравен пациент.
Моментално на Инфективно се 16 пациенти од кои кај 11 е потврдено присуството на Ковид-19, а пет се сомнителни на коронавурусот и чекаат резултати од тест.
Најмногу од пациентите – 12 се од Свети Николе, еден е од Кавадарци и еден од велешкото село Јаболчиште, а од Велес се двајца, информира Неделковска Николова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.