Драган Ковачки, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ рече дека во време кога Радмила Шекеринска била претседател на СДММ се запалила амбасадата на САД, а од друга страна ВМРО-ДПНЕ во тоа време јасно кажува дека е за евроатланстки интеграции, и Македонија свртена кон Запад.
СДСМ и Шекеринска никогаш не ја чувствувале Македонија и македонштината за своја, тие секогаше биле лојални структури на некој друг. Се сеќавате на кого беа тие лојални? – Тие беа лојални на север. Јас сега не можам да го измерам патриотизмот, кој е помал, кој е поголем патриот, меѓутоа според нивните изјави во тоа време, се сеќавате уште на првата седница кога збореа за химната дали да се свири македонска или да се свири македонска-југословенска. Па нивниот став како партија, Шекеринска во тоа време беше во помладокот на социјадемократскиот сојуз, нивниот став како партија беше да се свират и двете химни. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време е да се свири само македонскта химна, од тоа почнете. Имате ситуација кога ВМРО-ДПМНЕ е за евроатлантски интеграции, а од друга страна имате палење на амбасадата на САД, Шекеринска во тоа време ви е претседател на СДММ. И сега зборуваме за НАТО, за Македонија, а од друга страна ја фрлаат вината на ВМРО-ДПМНЕ дека не е за евроатланстка интеграција, па кој е за евроатланстка интеграција, кој бил прв во мисии?! Додека ние сме оделе во мисии, без одлука на Советот за безбедност на Обединети нации, свесно отидовме како држава во тоа време. Кои војници беа тие?! – Шекеринска и овие од СДСМ не беа! Тие во тоа време беа на други места, истакна Ковачки во своето гостување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.