Во Тиквешко во последните 24 часа се регистрирани четири нови случаи на корона вирус.

Како што информира за МИА, доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, од новозаболените случаи, три се од Кавадарци, а еден од Неготино.

Новозаразените се од двата пола и се на возраст од 26 до 62 години. Сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување.

Се утврдуваат контактите што ги имале, со цел нивна изолација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.