Флорин Бесими, директорот на тетовската ковид болница кој си поднесе оставка по пожарот во кој изгореа 14 лица, доби поддршка од вработените во болницата.

Шефовите на одделенијата на Болницата започнаа со собирање потписи, преку кои изразуваат „Морална поддршка за директорот на Клиничката болница во Тетово од медицинскиот персонал“, пренесува ТВ21.

ТВ21 го контактираше началникот на Гинеколошкото одделение, Нагип Руфати. Според него, оваа поддршка има за цел да даде морална поддршка и ќе биде потпишана од оние вработени кои сакаат.

Според него, тие не именуваат директор, така што не можат да одлучат дали ќе ја прифатат или не оставката на Бесими, но целта на собирањето потписи е да се испрати поддршка до Флорин Бесими, кој поради моралната одговорност од трагичниот настан на 8 септември, поднесе оставка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.