По сознанијата и снимките дека во Клиничката болница во Тетово со пациентите заболени од Ковид-19 престојуваат семејствата, реагираа вечерва од таму. ТВ21 објави дека на сите блиски кои не се заразени и се грижеа за пациентите им било кажано да го напуштат објектот.
Еден од нив беше лицето кое пред камери изјави дека редовно се грижи за својата сопруга во болницата. Тој вели дека оваа одлука дошла по изјавата што ја дал во текот на денот.
Да, да! Има луѓе. Не само кај мене, туку за повеќето, генерално, 100% од луѓето се целосно згрижени од членовите на семејството, рече лицето претходно пред медиумите.
Во трагичниот настан со модуларната болница во Тетово, беше јасно дека незаразени лица престојуваат во болницата, грижејќи се за своите роднини.
Меѓу 14 -те жртви, 2 од нив биле роднини на пациенти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.