Министерот за здравство Венко Филипче денеска рече дека наместо на рестрикции, ставаат акцент на вакцинацијата како еден механизам за да се зголеми колективниот имунитет и да се спречи нов бран.

Така се и нашите политики восприемани со сите механизми кои ги имаме, кампањи, теренската вакцинација, за што поголем број граѓани да се вакцинираат. Веројатно ќе има и нови соеви на вируси, веројатно ќе има и нови мутации меѓутоа со рестрикции не може да живееме. Освен тие десеттина случаи кои ги најавивме пред некои време нема нови случаи. Тие случаи кои се дијагностицираа во Тетово се од бразилскиот сој. Значи буквално од сите мутации на вирусот има, но тоа не е само кај нас, туку насекаде и во регионот и ширум Европа и затоа го имаме овој пристап со кој го користиме овој инструмент кој лани го немавме, а тоа е вакцинацијата, за да се заштитиме од сите соеви, додаде Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.