На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.062 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани.

Од министерството за здравство информираат дека 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 31 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.