Во текот на вчерашниот ден, прва доза вакцина вчера примиле 5.650 граѓани, а се вакцинирале вкупно 18.149 граѓани. На вакциналните пунктови во државата, заклучно со вчера, прва доза имаат примено вкупно 495.967 граѓани, додека ревакцинирани се 351.369 граѓани.
Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 60% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.