Актуелната состојба поврзана со пандемијата е тема на денешната седница на Советот за безбедност на Република Македонија, што се одржува во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на Пендаровски на седницата присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.
Започна 12-тата седница на Советот за безбедност на која е присутен и министерот за здравство Венко Филипче. Разговараме за состојбата со пандемијата на Конвид-19 на територија на целата земја, за мерките и активностите на надлежните институции, напиша претседателот Пендаровски на својот фејсбук-профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.