Чантата во која Боки 13 примил 1 милион евра рекет била специјално спремена и опремена од разузнавачка служба на пријателска држава и во неа бил вграден GPS уред преку кој лесно, потоа, е следен патот на торбата со пари каде таа завршува, јавува Вечер.мк.
Порталот јавува дека им било потврдено дека во неа имало GPS уред, а се претпоставува дека имало и прислушен уред поврзан со разузнавачката служба. Според крајната локација Боки, дефинитивно, имал моќни соработници во целата операција.
Разузнавачите кои ја планирале акцијата биле сигурни дека карактерот, навиките и лажната самоувереност на Боки ќе бидат пресудни да наседне на скапиот подарок, “ташна од убавите“ во која ги добива парите без да размислува што и како може да се вгради во таа ташна и да служи против него во иднина.
Јавното обвинителство кое го води случајот Рекет потврди дека постои заеднички разговор помеѓу рекетираниот бизнисмен, Боки и обвинителка која во средбата учествувала и зборувала преку телефонски спикерфон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.