Советникот за односи со јавноста во Кабинетот на премиерот Марјан Забрчанец, кој има посложен назив на позицијата отколку што има формално образование, вели дека Бојан Јовановски лаже кога пишува дека му испраќал текстови и содржини коишто требало да бидат објавени на тогаш најмодерната телевизија во сопственост на Бојан Јовановски, 1ТВ.

Иако информацијата дека Забрчанец контролира медиуми ја пласира самиот Јовановски, Забрчанец ја демантира ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи на прес-конференција побара да одговори дали го комтролирал медиумот на Јовановски. Вели дека тоа му било во суштната на професијата односи со јавноста.

Сепак, како што тврди Јовановски, Забрчанец признава дека комуницирале „исклучиво службено и професионално“ и дека го информирал за активностите на Владата и дека договарал „интервјуа со премиерот Заев и со други претставници на Владата“.

Жално е што ВМРО-ДПМНЕ станува мегафон на Боки 13 и што не направиле ниту една промена кај себе кога е во прашање односот кон медиумите. Политиката на режимско угнетување на новинарите и медиумските работници заврши на 1 јуни 2017 година, со изборот на тогашната нова Влада. Медиумските работници секогаш ќе ја имаат мојата поддршка и поддршката од оваа Влада да не дозволат никогаш повеќе манипулациите и газењето врз нивните права да станат доминантна појава во медиумските политики.

Македонија во изминатите четири години има сериозен напредок по прашањата на медиумските слободи, бројот на критички и независни медиуми е во постојан пораст, слободата на изразување е гарантирана, не постои никаков владино-политички притисок врз медиумите, а критиката од граѓаните и новинарите е секојдневна, гласна и препознаена. Слободата на медиумите е наше освоено секојдневие, а ВМРО-ДПМНЕ токму од тоа најмногу се плаши, за што говори односот на нивните градоначалници кон медиумите и нивното секојдневно бегство од соочувања со новинарските прашања.

Нивниот начин на комуникација со медиумите беше насилно, брутално толчење и политички прогон за оние кои не успеваа да ги купат. Никогаш повеќе, си ја отвора душата Забрчанец на Фејсбук.

Сепак, Марјан Забрчанец тукушто призна дека на дневна основа контролира медиуми, новинари и уредници, одговараат од ВМРО-ДПМНЕ.

Марјан Забрчанец тукушто призна дека на дневна основа контролира медиуми, новинари и уредници. Забрчанец ја признава дневната комуникација со Бојан Јовановски, којашто според Јовановски, значела испраќање на напишани текстови и содржини коишто требало да бидат објавени во етер. Забрчанец тукушто призна дека има новинари на платен список задолжени за верување и за фалење на владата, како и за платена владина пропаганда од новинари со кои раководи Марјан Забрчанец. Марјан Забрчанец тукушто ги пушти по вода новинарите и уредничкиот колегиум на некогашната 1ТВ, телевизија на чиешто крунисување на сопственикот Бојан Јовановски присуствуваа сите министри од СДСМ, како и членовите и симпатизерите на СДСМ во државно- политичкиот, обвинителско – судскиот и општествен врв.

Од опозициската партија потсетуваат дека Македонија е држава во која што владината служба за комуникации и односи со јавноста селектира достапност до информациите, селектира новинари и медиуми, ја поддржува владината поделба на провладини и опозициски медиуми.

Во Македонија има цела низа на медиуми, новинари и медиумски работници коишто се осудени, а за друга низа се водат истраги или судски постапки.

Во Македонија ниту Зоран Заев, ниту член на владата не се појавил на интервју или емисија во, според поделбата на Владата чија што служба за комуникации и односи со јавноста е водена од Марјан Забрчанец, проопозициски медиум. Слободата на медиумите во Македонија блеска само во вестите веројатно уредувани од Марјан Забрчанец, со од него однапред напишани текстови и одобрени видео материјали и линкови. Признанието на Марјан Забрчанец ја дооформува сликата зошто Македонија е прогласена за хибриден режим, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.