Во судска медицина е донесено на обдукација уште едно тело – 15-та почината поврзана со пожарот во модуларната болница во Тетово, објави „Телма“.
Станува збор за девојка од 20-тина години, со церебрална парализа, која во моментот на избувнување на пожарот докторите ја реанимирале, но одеднаш се појавил пожарот, нејзината реанимација е прекината, и заедно со мајка и и медицинскиот персонал е веднаш извлечена надвор, без повреди или изгореници од пожарот.
Девојчето, кое веќе било починато, е однесена дома, но обвинителството дополнително ја додава во овој кривично-правен настан и бара нејзина обдукција, поради што е земена од семејството кое го подготвувале нејзиниот погреб.
Со нејзината смрт, бројката на починати од пожарот или поврзан со трагедијата е 15. Спасени се 12, а официјалната бројка на пациенти кои во тој момент лежеле во болницата е 26.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.