Денеска во Скопје заедничката македонско-бугарска комисија расправа за националната припадност на македонскиот великан Гоце Делчев и учебниците по историја за 7 одделение во Македонија, а во Софија се расправа за преименувањето на празникот 24 Мај од Ден на словенската во Ден на бугарската писменост.

Истовремено  бугарската Комисија за образование и наука денеска ќе одражат јавна расправа за предлогот за преименување на 24 мај од Ден на словенската писменост во Ден на бугарската писменост.

За ова немаше никаква реакција од македонските власти, а премиерот Заев рече дека мора да водат грижа и за позициите на Бугарија.

Згора на тоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски завчера рече дека Захариева на колегата Османи му предочила дека македонското Собрание мора да донесе нов договор, налик на преспанскиот со кој ќе признаеме дека македонкиот јазик потекнува од 1946 година.

Ова досега не беше демантирано ниту од Османи ниту од Заев, а пак претседателот Пендаровски рече дека засега тоа не доаѓа во предвид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.