На седницата за расправа за новиот Закон за обвинителство закажана за четврток по скратена постапка, пратеникот Антонио Милошоски, кој е член на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Фактор вели дека опозицијата ќе учестввуа во расправата со дваесетина суштински амандмани.

Ќе предложиме суштински амандмани на предлог текстот кој го доставија СДСМ и ДУИ. Нема да одиме со некаква голема бројка да решавме ситници, ние би имале отприлика дваесетина амандмани, не повеќе и сите ќе бидат суштински. Не сакаме да одиме на процентуално прифаќање на амандмани, на пример да поднесеме 100 меѓу кои и голем број технички, па потоа власта да прифати 70 и да рече еве направивме голем компромис, а сите суштински да ги отфрли. Четврток ќе биде како лахмус хартија да се покаже колку власта е подготвена на компримис во носењето на системски закон со двотретинско мнозинство кој има можност и шанса да ги надмине мандатите на следните неколку влади. Ако законот се донесе на мускули, тој ќе трае додека трае владеењето на СДСМ и по промена на власта веднаш ќе биде променет.

Милошоски очекува СДСМ да тргне во лов на двотретинско мнозинство како со примерот на уставните измени, зашто, како што вели, има такви кулоарски дојави и гласини, дека власта ќе се обиде на поединци пратеници или на групи на пратеници да им понуди нешто, да ги награди или пак уцени, за да добие поддршка за закон кој им е важен.

Со тоа само ќе покаже дека рекетарското однесување на Катица Јанева е и актуелен политички софтвер и на власта. Таквото рекетирање во Собранието веќе се случи еднаш за уставните измени и нема да има корист ниту СДСМ, ниту власта, ниту државата ако тоа тоа се повторува за донесување на секој поважен закон.


Целото интервју на Фактор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.