Двајца пациенти на возраст од 50 и 63 години од Берово и Штип починале во Ковид-центарот во штип.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека денеска на болничко лекување се вкупно 58 пациенти. Сепак, лекарите ги загрижува фактот што расте бројот на случаи со потешка клиничка слика поради што во болницата има 40 пациенти на кислородна поддршка.

Недостигот од слободни места се очекува да се ублажи кон средината на оваа недела кога треба биде пуштена во употреба модуларната болница со 47 кревети.

Во источниот регион во моментот има околу 1.100 активни случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.