На барање на претседателот Стево Пендаровски и како резултат на лидерската средба, Комисијата за заразни болести изготви Протокол за изборната кампања, денот на изборите и целиот изборен процес, рече Филипче.
Сите лидери на политичките партии се изјасниле дека здравјето на граѓаните е на прво место, нагласи министерот.
Протоколот произлегува од генералните препораки за заштита на здравјето на граѓаните и е составен од четири дела.
Прдизборна кампања да се одвива согласно препораките и генералните правила за движење, а сите активности во кампањата треба да се одвиваат со почитување на физичката дистанца од 1,5 до 2 метри. Задолжително носење маска или прекривка на устата и носот за време на кампањата, секогаш на затворено и на отворено кога не може да се одржува дистанца.
При собири и други наста ни во кампањата мора да се почитуваат погоре наброените мерки, а дури и за помали собири да се користат разгласни уреди.
Кампањата врата на врата да се одвива со почитување на сите протоколи и да не се влегува во домаќинствата, туку средбите да се одржат на врата или во дворовите, со одржување на физичка дистанца.
За партиските активности во штабовите и на отворено важат истите мерки, при што членовите и активистите во штабот може да се задржат најмногу 2 часа и потоа да се направи проветрување и дезинфекција на просторијата.
На штандовите на отворено да нема голем број активисти, додека партискиот превоз со средства за јавен превоз да се одвива со максимум 50% од капацитетот, со заштитна опрема и обезбедено средство за дезинфекција од превозникот.
На денот на изборите, членовите на гласачките одбори да носат заштитна опрема, во просторијата да се седи со отворени прозорци или да се прави проветрување на 1 час.
На гласачкото место да има задолжително средство за дезинфекција, а гласачите надвор да чекаат на растојание од 2 метри.
Гласачите да носат заштитна опрема и да вршат дезинфекција на рацете пред да влезат, при идентификација со приложување лична карта да ја симнат кратко маската, да стојат на дистанца и пак да ја стават маската.
Да нема повеќе гласачи од бројот на боксови за гласање на едно гласачко место.
Исто така ќе се препорача зголемување на времето за гласање за 2 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.