Пријатели сме со петте соседи, целиот демократски свет ни е пријател, половина од нив веќе ја посетија РС Македонија во изминатите две и пол години, дојдоа сите лидери, дојде и папата. Сите дојдоа да го охрабрат овој мултиетнички народ дека е на вистинскиот пат и дека така треба да продолжиизјави лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за МИА.

И навистина има смисла народната дека оној кој е добар за сите, за дома не чини. Така и овој кој до вчера беше премиер на Република Македонија, кој е „пријател“ со сите. Им угоди на Грците, им угоди на Бугарите, им угоди на Албанците, а родот свој го понижи. И што е право, човекот си кажа дека не прави лапсус кога ќе каже мултиетнички народ, зашто тој таков ѝ припаѓал на неговата мултиетничка Македонија.

Македонскиот народ во Република Македонија е народот на Република Македонија. Тоа е мултиетнички. Составен е од Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, Срби и сите останати што живеат во неа. Затоа фразата „мултиетнички народ на Македонија, односно на Република Македонија“ е изразот што го користиме. Јас намерно го користам, зашто верувам дека сме мултиетничка земја со мултиетнички народ, а сепак сите сме македонски народ, припадници на Република Македонија, објасни Заев.

Па така, додека другите во неговите достигнувања гледаат унапредување, ние доживуваме уназадување и погазување на националните чувства, зашто знаеме сите добро, а така и чувствуваме дека мултиетнички можат да бидат државата или општеството, но народот може да биде само македонски, турски, албански, српски….

„Употребата на поимот мултиетнички народ воопшто не е случајна. Станува збор за вовед во целосно обезличување и бришење на идентитетот на македонскиот народ, а поимот „мултиетнички народ“ е само навидум бениген инструмент за реализација на овој идеолошко-политички проект“ – напиша Ганка Цветанова на Твитер, осврнувајќи се на една од изјавите на Заев дека мулитетничкиот народ во Македонија е составен од Срби, Албанци, Бошњаци, Турци и други.

„Политички башибозлук, антимакедонска стратегија, непоправлива штета!“, коментира академик Катица Ќулавкова. И, има ли крај на ова зло, ќе праша таа, а одговорот доаѓа десетина дена пред изборите – не, засега нема.

Дека Заев има идентитетски проблем, знаеме уште од времето кога стана претседател на СДСМ. Во едно од првите интервјуа на новата функција, интервју за „Република“  на 4 јули 2013 година, Заев исто така зборуваше за „двонационален идентитет“. На новонарско прашање поврзано со проблемот што го имаше Грција со уставото име на Република Македонија“ тој кажа:

Не би навлегувал во деталите, но апсолутно, непроменливоста на Уставот значи недопирање на ВО ДВОНАЦИОНАЛНИОТ идентитет на државата“.

(изјавата е на 5.40 минута од интервјуто).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.