Поранешениот премиер Никола Груевски се сеќава на денешниот ден кога во 1924 година е убиен еден од водачите на ВМРО Тодор Александаров.
Груевски пишува дека Александров станал легендарен меѓу народот уште низ годините додека бил жив и кој по Првата светска војна кога организацијата е во длабока криза, ја возобновува со своите извонредни организациски способности, со многу посветеност, упорност, мотивирачки настапи и активности и секојдневни одлучни акции.
Личност со така бурен живот и храбри подвизи, оддаден на делото и на татковината, стратег и секогаш заедно со четите на теренот, но присутен и на многу разговори со дипломати, новинари, политичари, и пред сè присутен ширум Македонија по селата, присутен меѓу населението. За време на својот живот, а особено кога е член на ЦК на ВМРО и де факто нејзин водач, тој бил вистинска ноќна мора, страв и трепет за противникот-пишува Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.