„МАНУ е матицата, таа може да ги собере сите историчари. Не е точно дека ние немаме истакнати историчари. Ние имаме универзитети, ние имаме институти итн. малку сум изненадена од реакциите. Зошто? Бидејќи она што е во оваа Резолуција е еден интересен метод, сосема спротивен од оној на бугарската академија или бугарските политичари. Значи, Резолуцијата не е насочена кон Бугарија и кон критика на бугарската власт или бугарските ставови, можеби тогаш таков документ би се викал декларација. Бидејќи обично декларациите регулираат надворешни прашања. Оваа Реозлуција е позитивна работа, бидејќи сите нешта кои беа потврдени и афирмирани од МАНУ, од УКИМ, од МПЦ се факт“, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Заспиј ако можеш“.

Силјановска Давкова додаде дека Резолуцијата никого не навредува ниту пак повредува. Оваа Резолуција ги афирмира општо познатите национални вредности.

„Во Резолуцијата нема метод на црвена линија, туку метод на афирмација или ако сакате тоа е ставање на еден лист на нешта што се неспорни, нешта што се потврдени, нешта без кои што нема нација, национална држава“, рече Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи дека не треба да има никаков проблем од ниту една партија за да биде прифатена Резолуцијата.

„Резолуцијата според Деловникот ќе се разгледува како во второ читање. Значи ќе има општо задолжителна расправа. Тогаш може на оние кои им се повикуваме во Резолуцијата како многу постручни од нас и подобри познавачи на оваа материја таму да разменат мислења и сл.“, појасни Силјановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.