Во Ресен е регистиран првиот случај на пациент позитивен нан ковид-19.Овој град досега беше една од ретките кадешто немаше позитивни на новиот коронавирус.
Се работи за 57 годишна жена од Ресен, која е хоспитализирана на клиниката во Битола.
Градоначалникот Живко Гошаревски вели дека во теков на денешниов ден на терен се присутни тимови од Центарот за јавно здравје, кои спроведуваат епидемиолошко истражување за сите кои биле во контакт со лицето, за кое резултатот е позитивен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.