Во Радовиш денеска беше откриен споменик во чест на полициските службеници од овој град Ерол Готак, Сашо Соколов и Коце Крстев, кои загинаа во конфликтот во 2001 година.

Споменикот е поставен пред полициската станица.

Градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, во своето обраќање потенцира дека градот Радовиш секогаш ќе им оддава почит на хероите за нивната храброст, тројцата млади луѓе кои животот го дадоа служејќи ѝ на својата татковина.

Ова што го имаме им го должиме на нашите херои кои со своето највеличествено дело и залог, сопствениот живот, оставија вечна трага и свое место во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат. И затоа денеска, кога овде, во Радовиш, ги споменуваме имињата на Ерол Готак, Сашо Соколов и Коце Крстев, свесни сме за долгот што ни е оставен, за благородната, човечка и доблесна обврска да водиме грижа и да не заборавиме – никогаш, за нив и за нивната жртва, рече министерот Оливер Спасовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.