Владата на денешната седница ја усвои информацијата за набавка на вакцини против Ковид-19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот „Фајзер“, во кои ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1 отсто од вкупниот број деца во земјава на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.
Согласно информацијата од прес-службата на Владата, дозите за возрасните треба да почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година. Вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.