Единаесет полициски службеници беа повредени во петокот на протестите за случајот „Монструм“. Иако се очекуваа немири, како и на претходните вакви протести, и иако беше забележано силно присуство на полицијата, сепак, во првите редови на полицискиот кордон можеа да се забележат голем број на млади полицајци без соодветна заштита.

Голем дел од полициските службеници носеа само обични капи, а не и шлемови. Демонстрантите во своите напади не бираа средства, па фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон, повредија 11 од присутните полицајци.

Јавноста реагираше што полициските службеници „голи“ беа пуштени во првите редови, но и по три дена сè уште нема никакви реакции од одговорниот министер Оливер Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.