Министерството за образование и наука не соопштува апсолутни бројки за бројот на заразени ученици една недела по почетокот на новата учебна година. Се што може да се добие како податок од Министерството е дека во моментов заразени се 0,02% од учениците.

Во обид да дојдеме до апсолутна бројка мораме сами да пресметуваме.

Според последните официјални податоци во Македонија има речиси 260.000 ученици што пресметано значи дека бројот на позитивни во овој момент е над 50.

Ако сакаме дополнително да пресметуваме, математиката вели дека за 5 дена од почетокот на годината, во просек дневно позитивен тест добивале по 10 ученици.

Министерот Филипче во изјава дадена пред почетокот на учебната година рече дека за да се премине на онлајн настава, бројот на заразени ученици ќе треба да достигне 10%. Тоа пресметано во бројки покажува дека Македонија ќе премине онлајн кога ќе има над 26.000 заразени ученици што е чудна бројка имајќи предвид дека тоа би било речи си 15% од вкупниот број на детекирани ковид случаи во Македонија кој во моментов е фиксиран на 180.000.
Она што е важно да се напомене е дека досега ниту еден од случаите на позитивни ученици, вирусот не го добил на училиште, односно дека засега нема интерна трансмисија во училиштата.

извор: прес24



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.