На Фејсбук профилот “Ла Фамилија Прилеп”, вечерва се објавени фотографии, на кои како што пишува во објавата активисти на СДСМ од Прилеп растовараат вреќи и ги внесуваат во еден од месните штабови.

Според она што пишува, комбето од каде се истовараат вреќите е во сопственост на Јавна општинска установа Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник” од Прилеп.

“Дали СДСМ подготвува нови така наречени “хуманитарни” пакети за делење во Прилеп”, прашуваат граѓаните на социјалните мрежи и го повикуваат Основното јавно обвинителство да реагира на ваквата злоупотреба на службени возила во корист на партијата на власт.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.