Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 коментираше околу најавениот конгрес на 12 декември на кој треба се избере лидер на партијата.
Николоски одговори на прашањето од ТВ21 колку е стабилно лидерското столче на Мицкоски во моментов?
„Согласно статутот на партијата, еден кој ќе собере поддршка од 30 делегати, може да се кандидира за претседател на партијата. Во однос на претседателот Мицкоски, ужива апсолутна доверба во партијата, затоа што е предводник на најголема победа на локални избори во независна Македонија. Еве да кажам директно, Мицкоски ја има лично мојата поддршка за нов мандат во ВМРО-ДПМНЕ, на кој ќе треба да стане премиер на Македонија“, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.