Во денешното гостување во вестите на Сител телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека со предлог законот на Заев и владата за обвинителството и се осигурува место на компромитираната Катица Јанева и останатите обвинители во новиот сектор на обвинителството.
Катица Јанева даде оставка од позицијата специјален јавен обвинител, но со овој закон е предвидено таа да се префрли во републичкото јавно обвинителство, а останатите обвинители кои што и помагаат на Катица Јанева, без разлика дали и тие кои индиректно учествувале во процесот рекет, треба да бидат превземени во рамките на новото обвинителство за организиран криминал и корупција, вели Мицкоски.
Тој додаде дека погрешно е што при фузијата на капацитетите и ресурсите од СЈО со капацитетите и ресурсите на обвинителството за организиран криминал и корупција во новото обвинителство да се пренесуваат комплетно целокупните човечки, но и процеси на СЈО.
Владата вели дека бескомпромисно ќе се бори против криминалот, организираниот криминал и корупцијата во државата. Но тоа во законот не е така, потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.