Во понеделник ќе се знае повеќе околу новата влада и нејзината програма.

Потпретседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во интервју за телевизија Канал 5, рече дека на почетокот на следната недела ќе има седница на Централниот одбор на СДСМ.

Во моментов претседателот и генералниот секретар имаат интензивни разговори со коалиционите партнери кои одат во позитивна насока. Сепак станува збор за одредени стратешки цели кои треба да се реализираат во рамките на новиот владин кабинет. Фокусот ќе биде економијата, подобрување на животниот стандард на граѓаните, ефикасност на институциите, како и европскиот пат на земјата, посочи Лукаревска.

Осврнувајќи се на персоналните решенија заменик претседателката Лукаревска истакна станува збор за проверени кадри кои ќе се вложат во својата работа и ќе испорачаат резултати за граѓаните и државата.

Единствено што можам да потврдам и да кажам за јавноста е тоа дека сите кадри кои ќе бидат вклучени во новиот владин кабинет ќе бидат исправени пред големи предизвици меѓутоа станува збор за проверени кадри, искусни луѓе кои што ќе си ја знаат својата работа и кои ќе носат резултати, ќе реализираат повеќе проекти и ќе се водат според новата владината програма, во интерес на граѓаите, порача Лукаревска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.